Crux


Crux
Healthy food - Skopje

20% discount

CRUX според својата примарна дејност претставува бар за здрава храна чиј простор е адаптиран за да воедно функционира и како co-working простор.

Нашата цел е да се задоволат потребите на новите трендови и начинот на живеење во урбаната заедница- активен и поздрав живот, како и зголемување на свесноста и одговорноста за општеството во ова динамично време.

Постоиме за сите оние кои се инспирирани од нашата филозофија, кои
носат одлука да го сменат нивниот начин на живот со прифаќање нови навики како физички активности, спортови за рекреација и секако здравиот начин на исхрана, односно луѓето кои веќе го практикуваат тоа.

Во нашето мени може да пронајдете багели кои со својата уникатност на вкусови ги задоволуваат и најпребирливите, чиа пудинзи и овесни каши со домашно приготвено млеко од индиски ореви во комбинации по Ваш избор, и секако протеински, детокс и освежителни smoothies како неизоставен здрав оброк.

Крајно, визијата на CRUX е да стане бренд препознатлив по својата одговорност кон луѓето и околината, инспирирајќи ги и останатите заедно да направиме посреќно и поздраво општество.