Играм, учам, собирам...бр.2

Скопје, 31 октомври 2021 - недела

Со радост и нетрпение го чекавме новиот турнир... затоа што тоа не прави среќни (од Ирис го добивме овој цртеж, направен е на училиште на тема ШТО МЕ ПРАВИ СРЕЌЕН)

20 дечиња подготвени да играат, учат и собираат... да покажат што знаат, што можат и што сакаат

Огромно БРАВО  за Марко, Марија, Ирис, Ана, Филипа, Тамара, Нина, Итан, Марта, Мила, Алек, Мартин, Моника, Марин, Лука, Александра, Олег, Бојана, Калина и Исток, за желбата, храброста и подготвеноста да се натпреваруваат.

Се мора да е по таман. За квалитетна тениска игра потребен ни е квалитетен амбиент... убаво ни е во балонот на АТК premium club.

Cherry тим одговорен за организација и реализација на турнирот.

Вилма, Тончи, Обо, Дац, Невенче, Иван и Марио - тренери, организатори и големи и мали играчи беа на терен со децата. За да се совладаат и научат сите тајни на натпреварувањето неопходна е помош.

За квалитетен турнирски настап неопходно е сите натпреварувачи и играчи добро да се загреат.

ЦРВЕНИТЕ играчи се натпреваруваа и собираа поени во тимски формат. Два тима, заедно, другарски, гаѓаа, правеа „рекорд“, се тркаа... Победникот како „по книга“ беше одлучен со разлика од еден поен. 

Подароците и своите мини трофеи, овој турнир, малите играчи сами си ги направија на креативната работилница. Воедно научија дека за развивање на фината моторика и некои центри во мозокот, неопходно е да се користат сите 10 прсти, а не само палецот и показалецот.

Разубави го своето тениско топче и негувај ја својата игра како што мама ги негува своите цвеќиња - креативна работилница

Во времето на пауза и одмор ја игравме нашата Cherry Cup Skopje & Sheezick na reezick меморија.

Ги појаснивме зборовите на ДИПЛОМАТА ЗА МАЛИОТ ИГРАЧ (некои беа баш „тешки“)

Малите „црвени“ Cherry играчи сакаат да позираат на крај од својот турнир.

Ако на секој турнир научиме барем едно, нешто ново, сме направиле огромна работа. Не е се само во одличниот форхенд и бекенд, знаете веќе тоа!!!

Како се прави ждрепка? Потребно ни е присуство на играчи, список, „бројчиња“ и капче од кои ги извлекуваме бројчињата.

На терен мора да се даде се од себе. Неопходно е да се внимава на секој поен, затоа што собираме и веќе знаеме дека носителот на трофејот може да го одлучи еден единствен поен.

На сите им годеше присуството на најблиските покрај теренот. Поддршката на мама и тато итекако ни беше важна.

Трофејот мора да се освои, за да ни значи најмногу. Може и да се купи или да се добие како подарок, ама тогаш нема значење, затоа што не е „платен“ со знаење, игра, труд, залагање и спортска борба.

На овој турнир најмногу поени собра Лука и тоа само еден повеќе од Бојана. Беше квалитетно, неизвесно и „густо“.

Им честитаме на сите играчи 

затоа што и овој турнир дадоа се од себе, во секој момент

 затоа што беа храбри, ги контролираа своите мисли, чувства, своето движење

затоа што ја респектираа играта, топката и пред се другарчето од другата страна на мрежата

... и одиме понатаму

не очекува ноемврискиот ИГРА, УЧАМ, СОБИРАМ ... бр.3, со нови предизвици, нова турнирска игра и нови изненадување и работилници

... а до тогаш

МИЛИ НАШИ МАЛИ ИГРАЧИ ОСТАНЕТЕ ХРАБРИ, ВРЕДНИ И КАРАКТЕРНИ

ве сакаат, ве поддржуваат и ви се восхитуваат сите ваши најблиски и сите ние од CHERRY тимот !!!