Играм, учам, собирам... бр.1


Скопје, 12.септември 2021 - недела

Од денес па натаму само небото може да ни биде граница...

18 дечиња подготвени да играат, учат и собираат... да покажат што знаат, што можат и што сакаат

Огромно БРАВО  за Марко, Марија, Ирис, Ана, филипа, Тамара, Сергеј, Лука, Матеа, Марта, Мила, Алек, Мартин, Стефан, Моника, Марин, Лука и Исток, за желбата, храброста и подготвеноста да се натпреваруваат.

Трофеј за она дете кое ќе собере најмногу поени во финалната група

На дипломата и трофејот потсетник за првата турнирска задача На тренинг или турнир, независно од тоа што се случува и што чувствуваш, секогаш и секоја топка мора да се погоди со средина на жици... а за тоа ни требаат секогаш ГОЛЕМИ ОЧИ... токму како овие бувчиња стикери!

Најмалите собираа поени низ 5 игри во кои покажаа како се движат на терен, како гаѓаат, дали имат "големи очи". Се буди полека натпреварувачкиот дух, односот према гаќање и нормално точен и прецизен контакт.

Нема тренинг или турнир без обавезна трка. Да видиме овој пат кој ќе е најбрз !

Исто како на тренинг , така е и на турнир... одмор, водичка, дружење и обавезно детски разговор.

Е, големите веќе знаат и можат да собираат поени низ вистинска игра. Видовме фантастични поени, голема борба, огромна желба и мотивација за игра.

Потребно е да се разјаснат многу работи, има толку многу финти, правила, ритуали. Потребно е да се научи како се контролираат емоциите, енергијата... неопходно е трпение. Се се тоа нови искуства и знаења, во тениската игра не е важно само каков форхенд и бекенд имаш, знаете тоа?

Време е за акција !!!

И после два часа поминати на тениски терен, трофејот оди во рацете на денес најуспешниот - Алек !!!

Горди сме на нашиот фантастичен мал тим, се гледаме на ИГРАМ, УЧАМ, СОБИРАМ... бр.2 во октомври... а до тогаш драги деца, слушајте ги вашите родители, наставници, учете и тренирајте вредно, паметно и ... навистина може само небото да ни биде граница !!!