13.02.2022 Скопје
Уште едно незаборавно тениско искуство на децата од програмата Cherry училиште за спорт и тенис. Во текот на три часовно дружење малите Cherry играчи изиграа многу поени, учеа да плетат (слично како што тоа го прави и Ноле) и собраа многу нови искуства, поени и еден тон нова мотивација.
Се играше на црвен и портокалов терен. Се поблиску сме до настап на националните турнири кои ги очекуваме со нетрпение.
Секој еден поен е најважен. Се потврди во многу мечеви и денес. Низ квалификациони натпревари портокаловите обезбија медаљи, а разигруваа за пехари. Победник на портокаловиот Играм, учам, собирам... бр.4 е Мартин Трајкоски, кој во финалето беше подобар од Бојана Симоновска.
Црвените мали играчи ги покажаа своите знаења уште еднаш, се натпреваруваа во неколку дисциплини и играа тенис во повеќе формати и поединечно и тимски. Своите медаљи сами си ги направија.
Едукатино креативната работилница за развој на фината моторика кај децата ја водеше Марија Алексоска. И благодариме од срце за одвоеното време, подготвеност да им се посвети на малите играчи, вниманието, трпението и љубовта кои ги сподели со нас.
Кога неплетам уживам да играм тенис !!!
Исток и Алек
Калина, Бојана и Марија
Нина и Итан
Сергеј и Тончи
Олег и Бојана
Мартин и Калина
Ирис
За реализација на играта помагаа Вилма, Тончи и Горазд
Се гледаме на Играм, учам, собирам... бр.5, нормално на тренинг, а наскоро и на националните турнири. Подгответе се сите, портокаловиот Cherry тим е подгтвен да покаже се што знае и умее. А за крај уште неколку фотографии од создадените ремек дела на спретните детски десет прста.
п.с. И Вилма знае да плете
п.с. И Ноле знае да плете