Скопје, 06.03.2022

бидете подготвени, играчите на CHERRY тимот доаѓаат...


Се изнаигравме за „сите пари“ денес. На Прочка, снежен неделен ден, играа најхрабрите и најупорните.

Најхрабра ни е дефинитивно Тами, која изигра пет одлични меча денес.

Па Олег и Марин кои им се спротивставија на поголемите „без пардон“.

Мони која фантастично играше против сите момчиња.

Алек кој се умори за малку на крај.

Мартин кој овој пат освои најмногу гемови.

Затоа што денес игравме „вистински“ мечеви со еден сет до четири гема и направивме сериозен "level up" на патот кон вистинските турнири... и нема запирање, чекор по чекор, се додека не станеме горди на себе и нашата игра.

Научивме и како се подготвува спортската торба за турнир (шише со вода, банана и блакце, капче, пешкир, резервни маички и нормално рекет). Научивме и дека сето тоа треба сами дома да го правимеи да не чекаме мама или тато да го направат тоа за нас.

Се гледаме наскоро повторно на тениски турнир, на овој нашиот или оние „вистинските“. Бидете подготвени сите, играчите на CHERRY тимот доаѓаат.