ХАЛКИ НАУЧИ ДА ИГРА ТЕНИС


Скопје, 19.06.2021 

CHERRY CUP SKOPJE 2021 - ден за паметење

Халки ги изненади малите играчи на меѓународниот детски тениски турнир CHERRY CUP SKOPJE 2021

CHERRY CUP SKOPJE 2021, оваа година по трет во Скопје во оргнизација на здружението Цреша спорт. 

Повеќе од 150 деца од седум земји во светот беа учесници на овогодишното издание кои играа, се натпреваруваа и уживаа во дружењето со своите стари и нови другари. Десет интересни и возбудливи дена во Скопје исполнети со спортски жар, тениско знаење и умеење, емоции, борба... Бескрајно многу игра, поени, победи, насмевки и неизбежно по некоја детска солза.

Како беше на овогодишното издание на овој веќе традиционален меѓународен детски тениски турнир и настан може да видите на овој линк: 

CHAMPIONS & BEST PHOTOS CHERRY CUP SKOPJE 2021

ХАЛКИ навистина е другар. Имаше време за сите,  да ги насмее, да ги забавува и да се фотографира со сите кои посакаа да го направат тоа.

Знаете, неможе да се биде дел од тениски турнир, а да не се застане и на тениски терен, а и да не се покаже целокупното тениско знаење. И ... ете го и ХАЛКИ на терен. 

ХАЛКИ: Драги мои мали шампиони ќе ми помогнете... ма не, нетреба си знам јас ?!?! Вака,  нели?

НИЕ: Чекај, чекај ХАЛКИ, па рекетот не се држи така !!!

ХАЛКИ: А вака ?

НИЕ: Е вака ќе е подобро. 

Иии....

Спремен. Играта може да почне... и почна, и траеше и уживавме сите. Браво ХАЛКИ, успеа. “Good job“, како би рекле големите тениски тренери по добро одигран меч.

Заслужен одмор ХАЛКИ !!!

ХАЛКИ: Можеби ќе научам уште некоја финта, слушам внимателно ќто зборуваат малите шампиони меѓу себе. Нови знаења и вистинско искуство на терен, е тоа е вистинскиот рецепт за напредок.

Огромно БЛАГОДАРАМ, ХАЛКИ од сите нас на Cherry Cup Skopje 2021, уживавме со тебе и на Cherry Cup Skopje 2022, си веќе пријавен. Тренирај вредно, играј, натпреварувај се и од ден на ден ќе бидеш се подобар и подобар играч. Се гледаме следната година на тениски терен !!!