6.3.2021 Скопје
Скопска, спортско - едукативна програма за малите спортски воини и нови шампиони ... токму како шампионите кои ги знаете од телевизија, на кои им се восхитувате и кои, својот тениски пат токму вака го започнале.
Овозможете им на своите деца да спортуваат на најубав можен начин и да низ тениската игра растат, созреваат и еден ден станат вистински ШАМПИОНИ. Шампиони на својот живот, вредни, едуцирани, освестени млади луѓе, професионалци во спортот или професиите со кои одлучиле да се занимаваат.
Низ оваа програма покрај тениската и другите спортски вештини, децата ќе научат многу и за вистинските животни вредности. Ќе научат многу за своето тело, за своите емоции, своите сништа, другарството, предизвикот на учењето и откривањето на новите сознанија, моќта на тимскиот дух, возбудата на патувањата, инспирацијата на новите средини кои ги запознаваат и најважно од се ќе научат дека сами и единствено сами се креатори на своето секојдневие и својата иднина. А ние возрасните сме тука да ги воведеме, насочиме, поддржиме и им пренесеме љубов и енергија, толку неопходни за остварување на сонот кој го сонуваат.
Тенисот е само една обична детска игра со топка или ... училиште за живот... повеќе
Програмата е прилагодена на условите на пандемија. Тенисот е еден од најбезбедните спортови во овие услови!!!
- основна тениска програма - комбиниран тениски тренинг со развој и на други спортски вештини
- спортско едукативни работилници за деца и родители
- детски креативни и едукативни работилници
- вклучување во натпреварувачки систем со адаптирани за деца формати на натпреварување
- мини спортски кампови
- летни и зимски тениски кампови
- тимски излети
и се е прилагодено на возраста, рекет по мерка, терен по мерка, топчиња по мерка, формати на натпреварување по мерка, работилници по мерка на децата
Програма CHERRY 2 (4 недели)-цена 2500 ден.
- два комбинирани тренинга неделно
- две детски работилници
- една спортско едукативна работилница за деца и родители
Програма CHERRY 3 (4 недели)-цена 3200 ден.
- три комбинирани тренинга неделно
- две детски работилници
- една спортско едукативна работилница за деца и родители
Останатите активности од програмата на "CHERRY училиште за спорт и тенис" се реализираат по дополнителен договор, надомест и со навремена најава.
ПРЕПОРАЧАНА ПОЧЕТНА ПРОГРАМА ОД 12 НЕДЕЛИ !!!
- Програма CHERRY 2 + CHERRY TИМ членство 6000 ден.
- Програма CHERRY 3 + CHERRY TИМ членство 8000 ден.
Позади секое дете кое верува во себе, стои родител кој што верувал прв. Верувајте во своите деца и овозможете им да преку спорт и тенис израснат во единственото нешто што е важно, вистински луѓе.