09 - 17.10.2020 Cherry Cup Skopje 2020
proudly supported by Lazar Zakovski
Cherry workshop time at ABC tennis club, during CHERRY CUP SKOPJE 2020 RED & ORANGE tennis10s tournaments
Play, learn, grow...
'The ability to speak exactly is intimately related to the ability to know exactly.’ –Wendell Berry
Great awards for the LITTLE CHAMPIONS
Literatura.mk / Октомври 29, 2019
Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело… Глаголот, пак, се однесува на секој збор што покажува нешто што се движи и брза, многу често и оној збор што е како мало дете кое не умее да мирува. Така, на пример – ако пишуваш, значи ја движиш раката, па зборот ПИШУВА ќе биде глагол. Но, исто така, и да седиш и да мислиш, па и да лежиш и да сонуваш – значи дека ти правиш нешто. Е, токму тоа правење нешто е самиот глагол.
Со овие зборови авторката и едукатор Оливија Георгиевска ги опишува своите две нови книги за деца „Игра со глаголи“ и „Игра со именки“ кои беа промовирани во четвртокот (24 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.
Сликовниците, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку разиграните стихови на Георгиевска и шарените илустрации на илустраторката Ивана Јовановска, го откриваат игривиот свет на именките и на глаголите. Овие книги се наменети за децата, но и за нивните родители и за наставниците. Од нив родителите може да им читаат на децата пред спиење, а на наставниците ќе им помогне за време на училишните часови. Овие изданија ќе им помогнат и на нашите деца во дијаспората, да го одржат контактот со македонскиот јазик и граматиката. За овие изданија поразговаравме со Оливија Георгиевска, која е професор по македонски јазик и координатор во приватната американска гимназија – Скопје (при Американскиот колеџ).
..... read more...
ONE TEAM SAME DREAM !!!