Keep on keeping on

20 - 30.11.2021 Белград

     Една од основните цели на активностите на тимот на Цреша спорт е да се направи што поедноставен премин од едно тениско ниво на следното за секој еден играч, независно од усталените локални спортски навики, стереотипи и амбиентални ставови на локалните познавачи на тениската игра. Тенискиот пат мора да се изоди, познат е, дефиниран е и не треба да се измислува. Го користиме сето свое знаење, искуство, енергија и време да на секој мал играч му понудиме програма која ќе му помогне да го извлече својот максимум во дадениот момент од ова маратонско патување и стекне нови искуства, што несомнено ќе отвори нови видици и ќе дефинира нови предизвици. 

     Овој пат тоа вака изгледаше. Предложивме замисла, направивме план  и свој мини тим за ова патување и тргнавме на пат. Кали, Нас и Иван ја започнаа оваa своја авантура. Возбудени, подготвени со торби за десет дена, тениски ранци и ранци за училиште.

     Планот беше едноставен, играме еден или два соодветно избрани турнири и тренираме со белградскиот Cherry тим и Мишко Марковски.

     Не дочекаа Јован, Виктор, Урош, Лука, Ема, Вања и Петар.  Ни се приклучија Никола и Ѓоле. Не дочека и некој нов пехар, освоен претходниот викенд. Знаете во Белград има скоро секој викенд турнир за секоја категорија, што создава еден сериозен натпреварувачки амбиент во кој многу се игра, многу практично се учи, се собира неопходно искуство. што без исклучок води кон напредок и посакуван успех.

     Со новите другари, нормално мора да се запознаеме.

     Среќни сме што сме повторно заедно. Едно заедничко селфи после првиот тренинг и одиме на одмор. Не чека напорен ден утре, на таканаречениот Швајцарац (сега веќе доби и сериозно име - SRB Grand Prix )

     Не е лесно сам да си на турнир, без мама и тато.

     Мораш многу работи да научиш и да ги правиш секој ден... да си ја подготвуваш торбата за турнир или тренинг, да се организираш сам и своето време... да се разбудиш во точно време, да јадеш. да се средиш, измиеш. исчешлаш, дотераш...и се тоа без да задоцниш.... и ете не конечно во лифт.

     Охохо, нови другари, нови клубови, нови правила и стандарди. Нема возрасни во балон, тренерите и родителите може да следат на ТВ или на You tube (леле ќе може да ме гледаат и во Охрид?!?!)...

     И повторно позираме, овој пат за насловната страна на постот кој го прати овој турнир на страната Мали играчи (www.maliigraci.rs)

     Што е тоа Швајцарац? Тоа е турнир во организација на Тениски Савез Србије (со кој имаме со години веќе одлична соработка) од трета категорија на кој несмеат  да учествуваат најдобрите 20 на ранг листа. Kаде што играат помеѓу 8 и 16 натпреварувачи и каде се играат загарантирано 4 меча, независно од исходот на секој меч. Одличен формат за влез во ново ниво, а за македонските играчи уште и подобро со оглед на малиот број на играчи кои се натпреваруваат локално. Се играат 2 меча на ден. Времето помеѓу мечевите го искористивме на различен начин.

     Кали ги воодушеви своите нови другари со својата спретност и храброст.

     Иван уживаше на гости кај Марко, нашиот Cherry тим другар.

     А богами ги јадевме и најубавите крилца на скара кои се подготвуваат во близина на тенискиот клуб ОТК каде го игравме овој турнир.

     Сите тројца ова искуство го завршија со по една победа,  со многу саати поминати на тениски терен, нови ситуации и искуства кои неможат да се исценираат во обичниот живот, на тренинг или индивидуален час. Турнирското искуство пари вреди за развој на секој играч, а сите они кои поинаку мислат, коментираат и си седат во своите конфорт зони, ги повикуваме следниот пат да ни се придужат и да уживаат во она за што ви зборуваме.

     Ништо нема да се појави на меч, ако претходно милион пати не си го пробал на тренинг и тоа во милион различни ситуации, со различни играчи. Честопати слушаме коментар каков форхенд, каков бекенд, џабе се ако незнаеш и не умееш да ги искористиш своите удари во игра за поен , па во игра за поен во вистински меч. Е ако ништо друго едно е сигурно, од понеделник до петок се изнаигравме.

      На будното око на Мишко, неможе ништо да промакне, а амбиентот кои го создаваат и нивото кое го наметнуваат многумината белградски шампиони околу нас провоцира, мотивира и инспирира. Посебно е важно да си подготвен и свесен играч за да можеш да ги приметиш сите цаки, финеси, да ги разбереш сите инструкции, а да неси тениски бубалица и робот кој само извршува некакви наредби. Така се напредува најмногу и се составува секој сегмент од тениската игра.

     Имавме многу идеи каде да се прошетаме, ама не искористивме толку колку што сакавме. Многу време поминувавме на терен, се уморивме, рано ни се стемнуваше, а и дуваше кошава, као да је шашава.

     Сепак за ова патување некако дома ни беше најубаво, а имавме и училишни обврски да завршиме.

     Сабота нов предизвик. Турнир до 10 години, зелено ниво. 29 девојчиња и 36 момчиња, скоро сите најдобри во Србија, со огромно турнирско и играчко искуство и од кои некои  меѓу нив со 22 турнира зад себе годинава. Нема лесен меч, нема лесен противник. Никој ништо не ти дава, за се мора да се избориш, секој еден поен мора да го изработиш и освиш со игра. Некој не праша во Скопје , зошто е потребно се ова, ете точно поради тоа. 

     Ни се придружија и Деа и Петар.

     Нешто и снимивме, за да може барем малку да ви ја доловиме атмосферата.

     Не е лесно да се игра, да се мисли на секој детал што го знаеш, да извлечеш максимум. Врескаат, галамат, ти проверуваат траги на топка... свои се на свое и сигурни се во себе. Може да те сомеле атмосферата, да ти ги отсече нозете и рацете... треба знаење и храброст да се застане на линија и да се биде и остане во игра и да се победи.

     Горди сме на сите кои играа, Петар, Нас, Деа и Иван. Покажаа дека можат да се носат и да играат со сите, за поеќе победи потребно е и повеќе вакви искуства. Покажаа дека умеат и можат, а најважно од се дека сакаат. Така растат малите шампиони, се калат од меч на меч и од ден на ден стануваат подобри и подобри.

     Игравме од утро до мрак, од  9 наутро до 9 навечер. Стануваш рано, се будиш ти се спие. Се подготвуваш, патуваш. се загреваш играш. Па чекаш друг меч. Таман си се ушушкал и опуштил дома, ајде термин за нов меч. Турнирскиот ритам мора да се осети и научи и без мама и тато околу себе. 

     Игравме и по три сета, многу  tie breaк-ови. Се пушти и некоја солз, се удри по некој рекет.... е баш така растат правите шампиони. Затоа што единствено цело е кога има се.

     И сето тоа не би било ништо спектакуларно нити посебно да од друга страна на мрежата не стои некој кој исто толку многу се труди, исто толку многу сака, има зад себе многу турнири, организација, часови и часови поминати на тениски терен и на турнири. И недава, недава ни поен за џабе. На овој турнир Иван стигна најдалеку, освои трето место во долг и неизвесен меч по полуфиналето.

     Со полни глави впечатоци и нови знаења и сознанија се враќаме дома. Да слегнат работите да се досостават на тренинг и ете не повторно на пат. Може да ни се придружите, што не има повеќе подобро за сите. Шампионите се резултат на квалитетна програма, тимски и квалитетен амбиент, многу турнири и патувања и многу, многу контролирана и водена работа и радосна игра. Мислите дека може поинаку, обидете се, не е забрането. Ние знаеме и сигурни сме дека вака е најдобро. И мотивира и активира, внесува радост и негува најважно шампионски сон.     

     Се гледаме наскоро, повторно во Белград. Keep on, keeping on ...